Што Нудиме

Првите почетоци беа фокусирани на трпезариски и клуб маси, кои и денес се столбот на Струма Мебел. Понатаму следеше проширување на асортиманот кон кујни, комоди, претсобја, плакари и што ли уште не… Посебни приказни беа креирани за соработниците за извоз. Таков пример е производството на дрвени елементи, користени за мебел за Холандија, Франција и други Европски држави. Секогаш спремни за нови предизвици, храбро соочувајќи се со промените и новитетите.

Историја

Долгогодишното искуство во производството на мебел, ги насочи браќата Андонови, во 2006та година, да ја основаат фирмата Струма Мебел. Познавањето на технологиите, понудата и потребите на секојдневниот потрошувач, помогнаа уште од самиот почеток, да се развијат низа иновативни производи, кои веднаш го пронајдоа своето место на пазарот. Довербата стекната од преку 20 фирми соработници, секогаш била потврдена и сето тоа води кон континуирано доусовршување во сите сегменти и додатно инвестирање време и енергија во нови проекти.

Каде Се Наоѓаме

Со проширување на производството, растеа и капацитетите. Тоа доведе во 2010та година, Струма Мебел да инвестира во нова фабрика, на површина од 1000 м2, комплетно опремена и прилагодена, според сите стандарди. Новите простории помогнаа, да се заокружи процесот на сериско производство и го издигнаа квалитетот на едно повисоко ниво. Денес, Струма Мебел, се вбројува мегу поголемите производители во регионот, со докажан стандардизиран и континуиран квалитет.

11

Години

20+

Вработени

1000 m2

Инфраструктура

200000+

Произведен Мебел

СТРУМА МЕБЕЛ

СТРУМА МЕБЕЛ