Клуб маси

клуб КЕЛН

Во разновидни стилови кои се совпаѓаат со останатиот мебел, нашите клуб маси се тука за да ги оставите најважните работи кои сакате да бидат блиску до Вас. Можете да одберете едноставна маса, која ќе претставува простор на кој ќе го оставате мобилниот телефон, Вашето кафе или далечинскиот управувач. Или да се одлучите за некоја со посложен дизајн со полици или остава, доколку имате потреба од дополнителен мал простор за складирање на нешта, како списанија или слично.
Од друга страна, на трпезариската маса целото семејство се собира заедно. Треба да се има простор за да ја соберете и најбогата трпеза. Секој член си има своја позиција за време на оброците. Широката трпезариска маса обезбедува комфорт, а секогаш треба да се има дополнително простор на масата и за гости. Да не забораваме дека често имаме навика да го поставиме лаптопот во трпезаријата, па масата за миг може да се претвори во широка работна површина.
Од модерен и футуристички дизајн, до класични и едноставни, нашата колекција на маси ќе Ви помогне да додадете стил и функционалност во Вашиот простор.

клуб БЕРН 1

клуб БЕРН

клуб ТЕОДОРА

клуб ЛУКС

клуб МИНХЕН

клуб ПРОВАНС